Хорот „Вокс Лихнидос“ освои сребрен медал на Меѓународен хорски натпревар

Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид освои сребрен медал на Меѓународен хорски натпревар што се одржува во црногорскиот град Херцег Нови. Во конкуренција од 14 хорови со меѓународно реноме охридските уметници го освоија сребрениот медал во категоријата мешани хорови, со освоени вкупно 86 поени.

Диригентот Бурим Хидри кој раководи со охридскиот хор задоволен од задоволен од изведбите за кои вели дека биле полни со емоција, наградени со силен аплауз од публиката, но и позитивни коментари од останатите учесници на фестивалот.

– Жири-комисијата во образложението на резултатите го нагласи квалитетот на избраните композиции, како и одличната соработката меѓу мене и хористите, истакна Хидри.

Градскиот хор од Охрид по овој извонреден успех се враќа на редовните проби и ќе се подготвува за учество на сличен фестивал што ќе се одржува наредниот месец во унгарскиот град Темишвар.

Претходна вестВо израелските воздушни напади во Појасот Газа убиени 950 Палестинци, ранети околу 5.000
Следна вестКоцарев: Се залагам Македонија да биде дел од ЕУ, но пристапот во кој доминираат понизноста, сервилноста, па дури и нечовечноста, што Владата го избрала е грешен и срамен