Арсовска ја разреши Косана Мазнева од директорка на „Комунална хигиена“ Скопје

Косана Мазнева веќе не е директорка на градското претпријатие „Комунална хигиена“ откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја разреши од функцијата. Мазнева вчера потврди дека не е повеќе на функцијата.

-Точно е, разрешена сум од директорското место. Причините не ги знам, не ми беа соопштени, ниту пак сум се сретнала со градоначалничката Арсовска. Единствено, ме повикаа службите од Град Скопје да си го подигнам решението, изјави Мазнева.

Од Град Скопје засега нема официјална потврда за смената на директорката на „Комунална хигиена“. Се дознава дека за нов директор е назначен Гоце Трајковски.

Разрешувањето на Мазнева доаѓа три месеци по протестите во „Комунална хигиена“ кога Арсовска ја фалеше дека е храбра жена која се спротивставува на мафијаши. Таа пред четири месеци потпиша менаџерски договор со Град Скопје.

Претходна вестДесетгодишно дете прегазено на „Пластичарска“, починало на Ургентен, возачот избегал
Следна вестДевојка прободена со нож пронајдена на улица во Аеродром