Нов протест: Пензионерите го блокираа патот Неготино – Кавадарци

Протестна блокада на патот Неготино – Кавадарци направија денеска неготинските пензионери кои бараат исплата на поголеми пензии. На протестот тие соопштија дека не отстапуваат од барањата за линеарно зголемување на сите пензии за 5.000 денари и утврдување на најниската пензија на 18.000 денари. По блокадата, пензионерите со трансаренти во рацете поминаа низ улиците на Неготино.

-Ги бараме нашите пензионерски права и услови за подостоинствен живот. Ние сме разочарани од состојбите. Бараме повисок стандард, линеарно покачување на пензиите и  минималната пензија која нема да биде под 18 илјади денари, рекоа пензионерите на протестот.

Минатиот петок, неготинските пензионери го блокираа на еден час влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, за, како што рекоа, да алармираат за нивните проблеми и да побараат нивно решавање.

Фото: Архива

Претходна вестПочнува 8. МФФ Киненова: Храбри филмски авторски гласови од цел свет со нивните деби филмови
Следна вестМицкоски: Под овие услови ниту сега, ниту во иднина нема да се согласиме Бугарите да влезат во Уставот