Мира Гаќина „на свое барање“ заминува од раководната позицијата на Музејот на современата уметност

На свое барање од раководната позиција директор на Музеј на современа уметност во Скопје заминува Мира Гаќина која во изминативе шест години беше на чело на оваа институција.

-После шест години, исполнети со неверојатно значајни домашни, регионални и меѓународни изложби и проекти, на свое барање заминувам од раководната позицијата на Музејот на современата уметност, МСУ-Скопје, објави на Фејсбук Гаќина.

Таа нагласува дека „стремежот да се демонстрира севкупниот потенцијал на МСУ како релеванта институција во полето на современата уметност и култура, беше причината поради која ја прифатив оваа многу одговорна позиција во 2017 година“.

-Веројатно многу скопјани, како и јас, биле, и уште се фасцинирани од објектот на МСУ, кој спокојно го набљудува Градот, без да се наметнува. Но, каква е вистинската вредност на неговата колекција, а особено на неговиот концепт, како музеј инициран и остварен од страна на уметниците осознав со време, преку моите студии и споредби со други светски музеи. Стремежот да се демонстрира севкупниот потенцијал на МСУ како релевантна институција во полето на современата уметност и култура, беше причината поради која ја прифатив оваа многу одговорна позиција во 2017 година. Водена од сознанието за колективниот ентузијазам во сите нас, за повторно заживување на пионерските идеали на солидарност втемелени во самата идејата на оваа по многу нешта единствена институција кај нас и пошироко, наведе Гаќина.

Таа додаде дека е горда што намерата беше препознаена од светската уметничка фела и што се успеало да се збогати исклучителната колекција на Музејот со дела од нови генерации на уметници, а со тоа и вредноста на националното културно богатство.

Гаќина нагласува дека и покрај нејзиното повлекување, ќе остане мотивирана да учествува во натамошниот развој на институцијата.

Еден од последните големи меѓународни проекти, што е во тек е изложбата „Ниедно чувство не е конечно: Колекција на солидарноста, МСУ Скопје“ во Кунстхале во Виена. Станува збор за изложба којашто го реафирмира основниот карактер на МСУ, како музеј на интернационалната солидарност. Изложбата идната година ќе патува во Прага, а во тек се контакти и со други музеи за проширување на димензиите на овој проект.

Претходна вестЗемјотрес во Македонија, студентите од Универзитетот во Тетово на улица
Следна вестПрегазена 73 годишна жена во Кавадарци