Претрес во Битола, пронајдени различни видови дрога, пушка и куршуми, приведен дилер

На 21.10.2023 во 19.45 часот во Битола полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.Ј.(34) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени: ловна пушка „застава“ кал.12, дрвен кундак од пушка, куршуми, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, нож со остатоци од бела прашкаста материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети.

А.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Претходна вестСпасовски: Врвен приоритет на МВР е спречување нелегална сеча на шуми
Следна вестРеакција од СДСМ: Лажни вести на ДПМНЕ, МЕПСО не се продава