Мечка нападна човек кај Македонски Брод

Во текот на вчерашниот ден помеѓу село Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек, извести Центарот за управување со кризи. При нападот тој бил повреден, а до сериозни последици не дошло благодарение на ловците кои биле во близина.

– Човекот бил спасен од ловци кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот, а откако слушнале повици за помош, испукале неколку истрели во воздух, по што мечката побегнала, соопшти ЦУК.

Нападнатото лице било кое било преплашено, се здобило со телесни повреди.

Претходна вестЌе трае ли демократијата во парламентот само 5 дена?
Следна вестХеројскиот чин нема да се заборави, откриено спомен-обележје на загинатиот полицаец Игор Драганов