На 40 локации од утре започнува вакцинацијата против сезонски грип

Во Центрите за јавно здравје ширум земјава, на вкупно 40 локации, од утре започнува вакцинацијата против сезонски грип од утре за која досега се пријавени 30.000 граѓани. Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, за МИА изјави дека во Скопје ќе бидат активни четири локации..

-Ќе се вакцинира во сите центри за јавно здравје низ државата. Тоа се вкупно 40 локации низ државата. Во Скопје, во четири пункта за вакцинација. Центар за јавно здравје и поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар. Дополнително во Центар за јавно здравје има уште еден пункт, само за здравствени работници, изјави Петличковски.

На пунктовите на Бит Пазар и Идадија работното време е од 8 часот наутро до 19 часот навечер, а Букурешт ќе работи само во втора смена, од 14 до 19 часот. Граѓаните кои се пријавија и добија термин преку СМС порака, ќе бидат повикувани во наредните денови.

На располагање се 60.000 дози вакцини.

-Вакцинацијата против грип е докажана изминатите години, многу е ефикасна и апсолутно е безбедно и исправно да се изврши вакцинирање, особено кај постарите, малите деца и тие со хронични болести. За разлика од Ковид, каде што вакцинацијата на младите не беше да речеме во прв ред како препорака, за грип, да, за малите деца стои дека се препорачува вакцинација против сезонски грип за педијатриска популација, нагласи Петличковски.

Претходна вестФрлил милион долари од хеликоптер, 4000 луѓе избезумено собирале пари
Следна вестНетанјаху: Борбата на Израел против Хамас може да биде долга војна