Детска болница во Козле прерасна во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата

Владата, на вчерашаната седница донесе Одлука со која Јавната здравствена установа Институт по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје прераснува во Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје.

Со оваа одлука, како што велат од Владата, се овозможува проширување на дејноста на оваа здравствена установа преку специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изведување образовна дејност, вршење усовршување на здравствените работници и научно-истражувачка дејност, како и вршење здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изградување и спроведување на стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област и укажување стручно-методолошка помош на здравствените установи од соодветната гранка на медицината.

-Со ова ќе се добие побрзо и поефикасно дијагностицирање, третман и лекување на пациентите и ќе се намали притисокот кон други установи со што ќе се обезбеди подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите, се наведува во соопштението.

Претходна вестМВР објави слика од лицето кое пукаше во Ист Гејт, повредените се уште во животнозагрозувачка состојба
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Криминалното подземје се пресметува по скопските улици, а Спасовски не презема ништо