ВМРО-ДПМНЕ: Криминалното подземје се пресметува по скопските улици, а Спасовски не презема ништо

Македонија и Скопје се небезбедни со Оливер Спасовски и СДС. Нема месец да не се случи некоја пресметка или убиство во центарот на Скопје, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија наведува дека граѓаните не се безбедни.

-Седум години криминалното подземје се пресметува по скопските улици, трговските центри и кафичи, а Спасовски не само што не презема ништо за да фати криминалците, туку и не убедува дека граѓаните се безбедни, се наведува во соопштението.

Оттаму порачуваат дека „Македонија е единствената држава каде што криминалците се штитат од власта, наместо истите да бидат санкционирани.

-Оливер Спасовски и МВР не можат да обезбедат мир. Уште колку криминални пресметки и убиства треба да се случат за Спасовски да понесе одговорност и да си ја потпише оставката? Ако Спасовски не сака, тогаш Ковачевски веднаш да го разреши од функцијата министер за внатрешни работи. Сред бел ден криминалците се пресметуваат, а Спасовски си тера пи-ар и се спрема за претседателски избори. Спасовски не може да го води едно министерство, а не пак цела држава. И наместо Спасовски и МВР да бараат помош од граѓаните да го пријават лицето кое пукало во Ист Гејт, нека ги праша неговите сопартијци и коалициски партнери од ДУИ, кое е лицето, бидејќи изминатите 4 години токму тие имаат најмногу фотографии со криминалците од подземјето, се вели во партиското соопштение.

Претходна вестДетска болница во Козле прерасна во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата
Следна вестИзраел одбива прекин на огнот, ќе се борат се додека не го уништат Хамас