В сабота во Скопје ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Градот Скопје, ќе се реализира на 18.05.2024 година (сабота), во раните утрински часови.

‘Ако временските услови се неповолни за реализирање на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин, првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни, се наведува во објавата.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Претходна вестМалолетник тешко повреден откако тројца малолетници го фрлиле во височина
Следна вестЌе се прави обдукција на починатиот притвореник, беше осомничен за двојно убиство