Израел одбива прекин на огнот, ќе се борат се додека не го уништат Хамас

Израел ги отфрли повиците на меѓународната заедница за прекин на огнот и повторно се закани дека ќе го уништи Хамас. Обединетите нации, Палестинците и голем број земји го поставија ова барање на денешната средба на ОН на високо ниво, но министерот за надворешни работи на Израел рече дека е „право на земјата да го уништи Хамас“.

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, исто така, ги отфрли повиците за „пропорционалност“ во одговорот на земјата на ненадејните напади на Хамас врз Израел на 7 октомври.

– Кажете ми каков е пропорционален одговор на убивање бебиња, на силување жени и нивно палење, на обезглавување на дете? Како можеш да се согласите на прекин на огнот со некој кој се заколнал дека ќе убие и ќе го уништи твоето постоење? праша Коен.

Тој пред Советот за безбедност на ОН рече дека пропорционалниот одговор на масакрот е „тотално уништување до последниот член на Хамас“, нарекувајќи ја екстремистичката група „новите нацисти“.

– Не е само право на Израел да го уништи Хамас. Тоа е наша должност, додаде тој.

Во нападот на Хамас загинаа 1.400 луѓе, а во последователните израелски акции загинаа повеќе од 5.700 Палестинци во Појасот Газа, соопшти неговото Министерство за здравство.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Криминалното подземје се пресметува по скопските улици, а Спасовски не презема ништо
Следна вестТриесет и седумгодишен кумановец повреден додека работел