За да избегне сообраќајка, возачот на автобус на ЈСП нагло запрел. Поради наглото запирање паднала и тешко се повредила патничка во автобусот.
– Вчера попладне, во 13.30 часот, било пријавено дека на булеварот Кочо Рацин во Скопје, автобус на ЈСП, управуван од 50-годишниот Б. Т. од Скопје, за да избегне сообраќајна незгода, нагло запрел, при што во автобусот паднала патничка, 46-годишната У. А. од Скопје. Таа добила тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски, велат од МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.