Пензионерите на 7-ми ноември ќе протестираат пред странските амбасади

Пред странски амбасади во Скопје на 7-ми ноември ќе протестираат пензионерите кои од Владата бараат зголемување на пензиите. Ова било решено денеска на средбата на иницијативните одбори на пензионерите кои протестираат низ градовите во земјава одржана во Свети Николе.

Драган Угриновски, едне од иницијаторите, изјави дека сега протестот нема да биде пред Влада, туку пред странските амбасади во земјава.

-Денеска се собравме во Свети Николе да одржиме координативна средба со сите иницијативни одбори од државата да се договориме детално за нашиот најавен протест на 7.11.2023 во Скопје, пред амбасадите и пред ЕУ, рече Угриновски.

Пензионерите не се откажуваат од своите барања и најавуваат дека до крај ќе се борат за да го добијат статусот кој го заслужуваат. Посочуваат дека и покрај големиот број притисоци остануваат сплотени од цела држава и излегуваат на нов протест. Тие порачаа ако не може да им се покачи пензијата ќе заминат да живеат надовор од државата, оти како што велат со 12 илјади денари не можат да го преживеат месецот. Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите за 5.000 денари, а најниска пензија да биде 20.000 денари.

Фото: Архива

Претходна вестКовачки: Генерали и полковници сексуално малтретирале офицерки
Следна вестГрабеж во просториите на ФК Шкупи, го украле телевизoрот