По серија скандали сега со европски 10 милиони евра ќе се јакнат капацитетите на Судскиот совет

Зголемување на капацитетите на Судскиот совет ќе биде целта на Проектот-Поддршка на ЕУ за владеење на правото, кој ќе се спроведува во наредните три години. Членовите од Судскиот совет денес остварија работна средба со експертскиот тим од овој Проект. проектот е целосно финансиран од Европската Унија, а договорен е од Делегацијата на Европската унија во Македонија. Проектот ќе трае 36 месеци со можност за продолжување за уште 6 месеци со буџет од 10,25 милиони евра.

На средбата, како што информираат од Судскиот совет, покрај претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев и членовите: Тања Чачарова Илиевска, Селим Адеми, Весна Дамева, Миљазим Мустафа и Антоанета Димовска, присуствуваа лидерот на компонентата 1 за подобрување на капацитетите на правосудните институции Греорж Борковски, неговиот асистент Сандра Прилепчанска Поповска, како и Воислав Стојановски, национален експерт за правосудство.

-Лидерот на компонентата 1 , Борковски зад себе има повеќе од 17 години професионално искуство во Полска, како судија во првостепен и во второстепен суд. Од 2018 година работи како ЕУРАЛИУС В, проект финансиран од ЕУ во Албанија, како лидер на компонентите што го поддржуваа новоформираниот Висок судски совет, Високиот обвинителски совет и други владини канцеларии. Од 2015 до 2018 година ја извршувал и функцијата шеф на канцеларијата на Националниот судски совет во ранг на државен потсекретар, се наведува во соопштението од Судски совет.

Полскиот експерт ги запознал членовите на Судскиот совет со целите на овој тригодишен проект , кој има за цел да ги подобри капацитетите на правосудните институции за спроведување правда на транспарентен и отчетен начин.

Судскиот совет, како што е посочено во соопштението, е домаќин на една од трите канцеларии на оваа важна компонента, кој со експертска помош ќе ги зајакнува неговите капацитети во неколку области. Експерите ќе бидат ангажирани на анализа и поддршка за подобрување на правилата и практиката за оценување на работата на судиите, дисциплинските постапки, зајакнување на транспарентоста и одговорноста на ова тело, комуникацијата со медиумите. Покрај ова, ќе се работи и на анализа и поддршка на спроведувањето на Стратегијата за човечки ресурси на Судскиот совет, како и на исполнувањето на неговата статутарна улога во согласност со европските стандарди.

До овој проект доаѓа по серија скандали коишто во изминативе месеци го потресуваа Судскиот совет вразно со смената на претседателката и оставките на дел од членовите, како и прекршувања на Деловникот за работа. Во јавноста тогаш се појавија бројни барања за колективни оставки на членовите на Советот, но тоа сепак не се случи.

Холандскиот амбасадор во Македонија Дирк Јан Коп во мај изјави дека „Судскиот совет е нелегитимно тело“ и во мирување го стави проект поврзан со ова тело.

Претходна вест„Алкалоид“ две децении дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI
Следна вестНајдено безживотно тело кај трговскиот центар во Тетово