29-годишен скопјанец паднал од тротинет и со тешки телесни повреди е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Министерството за внатрешни работи информираше дека во вторникот во 09.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. 1 во с.Визбегово, скопско, З.К.(29) од Скопје управувајќи тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот.
– По несреќата, З.К. е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.