Акција „Синџир“, се апси во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид

Од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид се вршат претреси и се приведуваат лица осомничени за кривични дела против јавните финансии и платниот промет. Од ОЈО информираат дека акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.

– Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР а под
раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на
организиран криминал и корупција, денес во раните утрински часови на повеќе
локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се
приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна
предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за
кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што
Управата за финансиска полиција ја спроведе со обвинителството и истражители
од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на
организиран криминал и корупција, се вели во соопштението на УФП.

Од ОЈО информираат дека акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што Обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

По завршување на акцијата, Обвинителството најавува детали за акцијата.

Претходна вестМомче од Флорида ја избодело својата мајка додека таа спиела
Следна вестСе разгорува конфликтот, израелските тенкови веќе се пред Газa