Се разгорува конфликтот, израелските тенкови веќе се пред Газa

Израелските војници и оклопни возила се подлабоко навлегуваат во северниот дел на Појасот Газа, затворајќи ги населените места, додека од палестинската територија известуваат за жестоки израелски воздушни и артилериски напади.

Очевидци забележале израелски тенкови на периферијата на Газа, пренесува „АФП“, а клучниот пат е отсечен, јавува Франс прес, повикувајќи се на очевидци. Израелските одбранбени сили (ИДФ) пак соопштија дека ги прошириле копнените маневри во Појаст Газа.

– Во енклавата влегоа дополнителни сили, вклучително и оклопни и инженерски трупи, како и артилерија, изјави портпаролот на ИДФ, бригадниот генерал Даниел Хагари.

Според него, во текот на ноќта таму биле убиени десетици членови на Хамас

Засилените израелски копнени операции следуваат ден откако 33 камиони со храна, лекови и други залихи влегоа во Појасот Газа од Египет, во најголемиот конвој со хуманитарна помош од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Хуманитарните работници во понеделникот (30 октомври) изјавија дека помошта сè уште е далеку од потребите во Појасот Газа, кој со недели е под опсада. Министерството за здравство на Газа соопшти дека бројот на загинати Палестинци надмина 8 000, додека израелските тенкови и пешадија го спроведуваат она што премиерот Бенјамин Нетанјаху го нарече „втора фаза“ од војната што започна напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.

Претходна вестАкција „Синџир“, се апси во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид
Следна вестФон дер Лајен донесе оптимизам: Еден ден ќе ве пречекаме во Унијата…