Поради теснопартиски и лични интереси, втора година по ред граѓаните на градот Скопје се жртви на неколкумина кои, иако имаат обврска да го унапредуваат работењето на Градот, со сите сили се обидуваат да предизвикаат хаос, соопшти денеска Крсте Петревски, директор на ЈСП „Скопје“.
Во обраќањето испратено преку медиумите тој наведува дека втора година по ред, советниците во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат одлуката за набавка на нови автобуси за ЈСП, со што би се обновил возниот парк, а граѓаните би добиле поквалитетна услуга.
-Партиските интереси за овие луѓе се поважни од интересите на оние кои ги изгласале на функција. Втора година по ред, советниците во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат одлуката за доделување на средства на ЈСП кои му следат на претпријатието, а се потребни за исплата на плати за вработените. Личните и партиски интереси повторно се поважни за советниците на ВМРО-ДПМНЕ, па смислено ја блокираат исплатата на плати за вработените во ЈСП свесно обидувајќи се да предизвикаат криза во јавниот превоз, наведе Петревски.
Тој укажа дека ррета година по ред, Владата на Република Македонија не ги исплаќа средствата за бесплатниот студентски превоз.
-Владата во овој момент на ЈСП му должи 360 милиони денари за услуга која произлегува од одлука на истата Влада, а ЈСП во целост ја извршила. За жал, повторно, цената на ваквата деструктивна политика ја плаќаат граѓаните., потенцира дирекеторот на најголемиот градски превозник.