Нова провокација од Виктор Стојанов, нуди 300 евра на Македонци ако презимето го променат да завршува со „ов“ или „ев“

Претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој е познат по негирањето на македонскиот народ почна да им нуди пари на македонските граѓани со цел да ги сменат своите презимиња. Во синоќешната објава на неговиот профил на социјална мрежа Фејсбук Стојанов наведе дека секој граѓанин со бугарско потекло ќе добие по 300 евра доколку го промени презимето и тоа да завршува на „ов“ или „ев“ кое е карактеристично за Бугарите. За начинот како ќе ги подигнат парите ќе треба да ја контактираат Фондацијата.

-Кампања за жители на Северна Македонија со бугарско потекло: „Врати го презимето на Ов/Ев и добиј 300 евра”. Поврзете се со нас, напиша во објавата Стојанов.

Заради своите активности и ставови Стојанов, познато е, добил забрана за влез во Македонија на „неодредено време“. Во мај минатата година македонските гранични органи ме му го доволја влезот на Стојанов во наша земја кога сакаше да дојде во Скопје на чествувањето на годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Тој не беше пропуштен ниту во јануари годинава кога сакаше да дојде со група на бугаркси граѓани за чествувањето на Мара Бунева.

Стојанов е познат по свои ставови со кои се негира постоењето на Македонија и на македонскиот народ. На Фејсбук-станицата на неговата организација „Македонија“ често се објавуваат провокативни поотови во однос кон Македонија. Еден од нив е и географска карта каде се избришани границите меѓу двете држави, а Македонија е претставена како бугарска територија.

Стојанов неодамна им се закани и на Македонците од Албанија дека ќе им бидат одземени бугарските пасоши доколку на пописот на населението во таа земја не се декларираат како Бугари. За време на престојот во Албанија тој во областа Голо Брдо и Либражд делел таблети и тетратки со ликови на бугарските владетели. Пораид ова, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана побара од властите на Република Албанија Стојанов да го прогласат за непожелна личност.

 

Претходна вестМакедонските домаќинства во банки и штедилници имаат 5,4 милијарди евра
Следна вестФон дер Лајен дојде и си ојде, остана Маричиќ…