Не сакал веќе да се грижи за кучето, го врзал и го оставил без храна и вода во напуштена фабрика во Автокоманда

Случај со свирепо постапување кон куче од раса германски овчар во Скопје објави денеска ЈП „Лајка“. Ова градско претпријатие за грижа кон животните објасни дека се работи за чест пример како завршуваат кучињата з акои нивните дотогашни сопственици веќе не сакаат да се грижат за нив.

ЈП „Лајка“ прво наведува дека ова куче на 18-ти октомври било заловено во општина Аеродром по пријава од граѓани за куче кое веќе подолго време е на јавен простор.

-По стандарна проверка се воспостави дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден на 19.10.2023 кучето беше превземено од неговиот сопственик, кој си плати за заловување на кучето, согласно правилникот за работа на ЈП „Лајка“, се наведува во инфорамцијата до јавноста.

Но, потоа, на 26.10.2023 пак добиле пријава од граѓани дека има напуштено и заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда.

-Нашите екипи веднаш постапија по пријавата. Кога пристигнаа на посочената локација, го најдоа истиот германски овчар, напуштен и ВРЗАН во напуштената фабрика. Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе, наведуваат од „Лајка“.

Оттаму додаваат дека кучето сега ќе остане кај нив до негово вдомување.

-Случајот ќе биде пријавен до Агенција за храна и ветеринарство, а и ќе биде покренета кривична постапка согласно член 233 од Кривичен законик за мачење на животни до сопственикот на ова куче. Кучето не е во најдобра здравствена состојба, се надеваме дека за брзо време ќе биде добро и ќе биде објавено за вдомување, наведуваат од „Лајка“..

Претходна вестТешко повредени четири лица во сообраќајка
Следна вестЖичарницата од утре ќе работи од 10 до 17 часот