И основците во Карпош секој понеделник ќе ја слушаат државната химната

Советот на Општина Карпош денеска изгласа македонската химна да се интонира и во основните училишта и на територијата на оваа локална самоуправа.

Претходно, ваква одлука донесоа и скопските општини Аеродром и Гази Баба, со цел кај децата од мали да им се развие љубовта кон татковината.

Адријана Јакимовска Панчевска објави дека ваквата одлука е изгласана на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Химната ќе се интонира секој понеделник, пред почетокот на наставата.

Претходна вестНад двесте деца починале поради сируп за кашлица, првиот човек на фармацевтската компанија осуден на две години затвор
Следна вестЧетворица македонски државјани на денешниот список за евакуација од Газа