Американскиот претседател Џо Бајден се закани дека ќе стави вето на пакетот помош за Израел ако тој не вклучува помош за Украина. Белата куќа предупреди дека Бајден во овој случај ќе одбие да го потпише предлог-пакетот за воена помош за Израел од 14 милијарди долари поддржан од Републиканците. Предлог-законот ја исфрла помошта за Украина и парите за други фондови, а се повикува на Законот за намалување на инфлацијата, пренесуваат американските медиуми.
Дополнително, администрацијата на Бајден смета дека со ова се прави „партизација“ во поддршката на Израел. Новоименуваниот претседател на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, изјави дека би сакал да ја „издвои“ помошта за Израел и Украина. Ова оди директно против планот на Белата куќа да ги поврзе двете прашања.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин тврди дека Украина ќе се соочи со пораз од Русија без американско охрабрување, инсистирајќи дека Вашингтон не смее „сега да го извади тепихот од под нea“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, наводно, се чувствува „предаден“ од западните партнери на Киев бидејќи испораката на оружје забави, изјавија неодамна помошници на Зеленски за магазинот „Тајм“. Статијата вели дека Зеленски води „осаменичка битка“ за помош од Западот и цитира негова изјава во која тој вели:
– Никој не верува повеќе од победата на Украина колку мене. Никој.
Во меѓувреме во Израел се водат жестоки борби. Бриселскиот портал Политико напиша дека „Бајден знае дека деновите на Нетнјаху се одбројани“ и дека американската администрација размислува за тоа кој би можел да го наследи актуелниот премиер на Израел.