Во текот на вчерашниот ден 111 возачи возеле пребрзо а 19 возачи без возачка на територијата на Град Скопје. Од МВР велат дека контролите продолжуваат и апелираат да се вози внимателно.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 263 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 34 санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…, информираат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.