ИДФ: Градот Газа е опколен, стигнавме до морето

Израелските одбранбени сили (ИДФ) целосно го опколија градот Газа и стигнаа до морето, со што појасот Газа практично е поделен на север и југ, изјави на брифинг портпаролот на армијата, бригадниот генерал Даниел Хагари. Се додава дека во операцијата се „ликвидирани голем број терористи“.

ИДФ, исто така, вели дека во текот на изминатиот ден нивните воени авиони нападнале „околу 450 цели, вклучувајќи воени објекти, набљудувачки и противтенковски пунктови.

Израел во неделата соопшти дека го опколил градот Газа.

Истовремено израелската војска објави нова, тричасовна временска рамка за цивилите на северот на Газа да појат кон јужните подрачја.

– Ако се грижите за себеси и за своите најмили, послушајте ги нашите упаства да се упатите на југ, се наведува во соопштението на израелската војска.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) наведоа во пораката до жителите на северот на Газа дека коридорот за евакуација-патот Салах а Дин е отворен денеска од 23 до 16 часот.

Претходна вестНад сто возачи возеле прeбрзо во Скопје
Следна вест„Вилицата на Ибен Бајерс“ утревечер во Македонската опера и балет