Лавров побара да дојде во Скопје, Османи со објаснување…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најавил дека сака да биде дел од завршниот самит на ОБСЕ во Скопје, но неговото присуство е неизвесно поради затворениот воздушен простор кај нас и во соседните земји. За ова на денешниот брифинг во МНР информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Добив писмо пред 4-5 дена од министерот за надворешни работи во коешто покажува интерес и барање да се обезбеди негово присуство во Скопје. Има одредени предизвици во делот на тоа прашање, прво заради тоа што воздушниот простор на Северна Македонија и на нашите соседи е затворен за руски авиони, иако по правило треба сите земји учеснички треба да присуствуваат на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Но дали конкретни личности, сепак ќе зависи од одредени одлуки кои ќе треба да се донесат во текот на наредните денови. Се надевам дека сите ќе успееме да бидеме во Скопје, потенцира Османи за посетата на Лавров на Скопје.

Според него настанот кој ќе следи во државата, суштински е најголем настан, зашто ОБСЕ првпат, како што рече Османи, е во егзистенцијална криза како организација која од 1975 е основана со мисија да ги чува мирот и безбедноста и да менаџира конфликти.

Појасни дека е во криза зашто на ниско ниво е довербата на земјите членки по агресијата врз Украина.

-Првпат нема претседавач за 2024, а треба две години однапред да се одреди. Поделени се земјите за ова прашање, рече Османи и очекува одлуката да се донесе токму во Скопје. Нагласи дека организацијата се соочува и со проблемот дека не е одобрен буџет на ОБСЕ.

Претходна вестРодителите на петгодишната Јана од Битола која почина со 19 единици шеќер во крвта, се иселија од Македонија
Следна вестСе отвора за јавноста, мистериозната соба во која не можете да останете повеќе од 15 минути