Младите таленти од ОУ „Лазо Трповски“ освоија награда на литературен натпревар во Јапонија

Награда во екипна конкуренција освоија млади талентирани ученици од ОУ „Лазо Трповски“ од Скопје на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2023, во Токио, Јапонија. Наградата е освоена во силна конкуренција со учество на 20.674 учесници од 168 земји. Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио и се одржува во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“ во главниот град на Јапонија. Овој глобален проект се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји членки на УНЕСКО. Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.

Годинава на овој реномиран натпревар, на кој учествуваат учесници од речиси цел свет со свои лични творби, напишани во форма на есеј на темата „Младите како идни креатори на мир во светот“, на училиштето награда му донесоа седумте ученици: Лара Станчева, Тамара Ѓоќеска, Атанас Стаматовски, Берк Ѓунеш, Стефан Митревски, Миа Хаас и Галена Стојановска, предводени од менторот и предметен наставник по германски јазик Стефан Симовски.

ООУ „Лазо Трповски“ 13. пат едноподруго учествува на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, на кој досега има освоено три награди (2015, 2016 и 2021 година).

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Кога 175 мерцедеси за два дена може да се изнајмат и под 200.000 евра, каде одат 700.000 евра?
Следна вестСнимале порнографија, уапсени неколку странски државјани во луксузниот комплекс „Порто Монтенегро“