Снимале порнографија, уапсени неколку странски државјани во луксузниот комплекс „Порто Монтенегро“

Двајца Украинци и двајца Руси се уапсени во црногорскиот луксузен комплекс „Порто Монтенегро“ во Тиват поради сомнение дека учествувале во трговија со луѓе, со цел создавање и пласирање порнографски содржини. Претходно уапсен е и Американец кој соработувал со нив.

Неколку странци – двајца државјани на Украина О.Б. (34) и Б.П. (24) и државјанин на Руската Федерација О.Л. (41), се уапсени  поради сомнение дека сториле кривично дело трговија со луѓе во соработка со американскиот државјанин В.Г. (43), кој беше уапсен претходно, при полициска акција на крајот на минатиот месец, пишува црногорска „Победа“.

Констатирано е дека оштетената е 21-годишна жена, што го потврди и црногорската полиција.

Станува збор за неодамнешна полициска акција во која полициската управа извршила претрес во седум хотелски соби во Тиват при што биле пронајдени 18 странски државјани од Украина, Русија, Белорусија и Израел, како и 10 странски државјани од САД, Украина, Белорусија и Грција. Полицијата пронашла и одзела пари од различни валути, мобилни телефони, лаптопи, камери.

Осомничените се изведени пред државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица.

Претходна вестМладите таленти од ОУ „Лазо Трповски“ освоија награда на литературен натпревар во Јапонија
Следна вестВо прекин единствениот воз на релација Битола-Скопје