Момче од Студеничани криумчарело мигранти од Сирија

Полицијата вчера приведе дваесет и четиригодишен криумчар на мигранти од скопското село Студеничани. Тој бил задржан во полициска станица.

– На 06.11.2023 во 23.10 часот на автопатот А1 во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш.(24) од Студеничани, скопско. Претходно, на автопатот Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово откриле 15 лица мигранти од Сирија кои изјавиле дека биле превезувани со возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, за кое подоцна било констатирано дека го управувал Ќ.Ш..“, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во кординација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСтудентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ барат враќање на стариот „студентски оброк“
Следна вестСкопјанец баран со три централни и две меѓународни потерници уапсен во Велес