Темен режим Режим на светлина

Скопјанец баран со три централни и две меѓународни потерници уапсен во Велес

Скопјанец кој бил баран со три централни и две меѓународни потерници уапсен во Велес. Тој имал за издржување казна затвор од шест години за повеќе извршени кривични дела.

– На 06.11.2023 околу 23.30 часот на место викано „Ветерско” во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Ќ.Н.(36) од с.Сингелиќ, скопско, соопшти МВР.

Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за повеќе извршени кривични дела „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Момче од Студеничани криумчарело мигранти од Сирија

Следна објава

Mаж од Охридско настрадал при изведување на градежни работи