Темен режим Режим на светлина

Mаж од Охридско настрадал при изведување на градежни работи

Почина маж од Охридско. Toj паднал при изведување градежни работи на куќа.

Вчера, во 10.38 часот, во СВР Охрид пријавено е дека 59-годишниот И. Х. од охридското село Лескоец, кој изведувал градежни работи на куќа во охридското село Рамне, паднал и починал, извести СВР Охрид.

Увид на местото на настанот извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина при Општата болница во Битола, каде што е извршена обдукција, додаваат СВР Охрид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Скопјанец баран со три централни и две меѓународни потерници уапсен во Велес

Следна објава

Облачно со врнежи од дожд