Маж пријавил дека бил претепан од својата невенчана сопруга

Четириесет и осумгодишен маж од село во Општина Ранковце бил физички нападнат од вонбрачната сопруга. Против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

– На 07.11.2023 година во 16.50 часот во Полициско одделение Ранковце, 48-годишник од село во Општина Ранковце пријавил дека во село во истата општина бил физички нападнат од неговата невенчана сопруга М.Н. од Кратово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека против М.Н. ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестАнтикорупциска комисија објави јавен оглас за избор на претседател и членови
Следна вестСпоред „Нејшнал џиографик“ најкул дестинацијата за 2024 година се наоѓа во нашето соседство