Според „Нејшнал џиографик“ најкул дестинацијата за 2024 година се наоѓа во нашето соседство

Туристичките списанија и агенции веќе ги истакнуваат новите препораки за патувања во 2014 година. Така, и „Нешнал џиографик“ (National Geographic) ја објави својата топ 30 листа на „најкул“ дестинации за следнава година. На списокот, Европа доминира со 13 места за авантуристичко патување.

На првото место се Албанските Алпи, попознати како Проклетије, планински масив во северна Албанија и источна Црна Гора.

Познати, прилично застрашувачко, како „Проклетите Планини“, ова царство остри карстни врвови е сон на планинарите, каде што рисовите талкаат по шумите од смрека, а дивите цвеќиња ги покриваат долините, се вели во новиот напис.

Потоа следуваат Белфаст, Емилија-Ромања, Нордланд, мексиканскиот полуостров Јукатан, Сиким во Индија, со прекрасен поглед на Хималаите, па австралиска Викторија итн.

Редоследно, „најкул“ туристички места во Европа се: Проклетије, Албанија; Белфаст, Cеверна Ирска; Емилија-Ромања, Италија; Галовеј и Јужен Ершир, Шкотска; Нордланд, Норвешка; Северен Јоркшир, Англија; Помпеја, Италија; Саима, Финска; Тарту, Естонија; Валета, Малта; Велс и Дивиот Атлантски Пат или Вајлд Атлантик Веј во Ирска.

Претходна вестМаж пријавил дека бил претепан од својата невенчана сопруга
Следна вестПретставка за наводната секс снимката не попречи судијата Авдија да стане претседател на Граѓански суд – Скопје