Левица за отварањето на музеј на УЧК: Беден обид на замајување на албанскиот и македонскиот народ со „ефтин национализам“

ДУИ шири ефтин национализам. Овој е само последниот чин на Ахмети, ДУИ и останатите албански партии кои континуирано промовираат албански ултра-национализам, етно-трибализам и сецесионизам, паразити кој живеат и се богатат на грбот на обичниот македонски граѓанин додека сонуваат и работат за создавање на друга држава, вака го коментираат од политичката партија Левица отворањето на музеј на УЧК во Сопот.

Али Ахмети отвори музеј на УЧК во кумановското село Сопот, каде се изложени се и фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари, но и фотографии од поранешниот командант на УЧК, Али Ахмети кои на отварањето заедно со останатите присутни се поклони на карта од “голема Албанија”.

Овој е само последниот чин на Ахмети, ДУИ и останатите албански партии кои континуирано промовираат албански ултра-национализам, етно-трибализам и сецесионизам, паразити кој живеат и се богатат на грбот на обичниот македонски граѓанин додека сонуваат и работат за создавање на друга држава.

Овие чинови покрај тоа што даваат сериозен удар на унитарноста на Македонија како држава, сериозно наштетуваат и го оневозможуваат соживотот помеѓу македонците и албанците. Покрај милионите евра потрошени (украдени) за градење на „соживот“, македонците и албанците никогаш не било посегрегирани. Наместо да се гради соживот базиран на антифашистичката борба кога македонци и албанци, рамо до рамо го избркале фашистичкиот окупатор, во Македонија се градат споменици на балисти.

Оттука Левица смета дека ова е беден обид на замајување на албанскиот и македонскиот народ со “ефтин национализам” и продлабочување како и предизвикување на нови меѓуетнички тензии во Република Македонија со цел политичките елити да продолжат да крадат, се ова во време кога се наоѓаме во економска и социјална криза и самото обезбедување на основните продукти за пристоен живот станува вистински предизвик, истакнуваат од политичката партија Левица

Претходна вестМаж се заканил дека ќе ја нападне амбасадата на Косово во Скопје
Следна вестВладо Камбовски ќе претседава со Работната група за реформирaње на Судскиот совет