ВМРО-ДПМНЕ: Меџити да не се прави наивен, да каже колку пари дал за ексклузивниот италијански мебел во куќата од „Пуцко Петрол“

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, канцер мафијата хара низ Онкологија, народот страда, а Фатмир Меџити како министер за здравство се однесува како експерт, од кого не зависи ништо.

Меџити, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, да не се прави наивен и чесен, да каже колку пари дал за ексклузивен италијански мебел за куќата која ја зема по багателна цена од „Пуцко Петрол“.

– Наместо да си ја работи работата како министер тој очигледно раскомотен во скапиот мебел раскажува досетки. Доколку Меџити сакаше, тој можеше инстант да ги разреши сите опфатени во случајот канцер мафија, но наместо тоа тој шири демагогија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестУапсени тројца малолетници на Бит Пазар, со нож се заканувале и ограбувале во Градски парк
Следна вестВо Битола се одбележа Денот на примирјето од Првата светска војна