Пунктот за промена на лични документи во ПС Пролет ќе работи и во сабота и во недела

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица Пролет во Скопје ќе работи и на 18.11.2023 (сабота) и 19.11.2023 (недела) од 8 до 16 часот.

-Граѓаните што сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт тоа може да го направат без претходно закажување, известува МВР.

Инаку, од друга страна, граѓаните преку социјалните мрежи бараат ултимативниот рок (до февруари да се сменат личните документи) кој го наметна власта да биде продолжен оти поради лоша организација не е можно да се спроведе.

Претходна вестЛесно е да се потпише меморандум, ај да ве видиме да ja изградите пругата
Следна вестЧетворица Кинези нелегално влегле во Македонија