Двајца тетовци не застанале на наредба од полицијата, еден од полицајците морал да пука предупредувачки

Двајца тетовци не застанале на наредба, на полицијата и при бегањето оштетиле возило. Еден од полицајците морал да пука предупредувачки во воздухот за да ги сопре

Вчера, околу 15 часот, на улицата 120 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 43-годишниот А. Х. и 46-годишниот Џ. Ш. од Тетово, извести МВР. Тие, не застанале на нивна наредба и со возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, продолжиле да се движат кон улицата 121. Бегајќи од полициските службеници, тие оштетиле товарно моторно возило „форд транзит“, со тетовски ознаки, а еден од полициските службеници испукал во воздухот два предупредувачки куршума за да застанат, соопшти МВР.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе им бидат изготвени поднесоци.

Претходна вестЧетворица Кинези нелегално влегле во Македонија
Следна вест„Класиката е блескаво освежена“, „Тајмс“ со оценка од 5 ѕвезди за новиот албум на Симон Трпчевски