Холандскиот премиер Марк Руте најверојатно ќе биде заменет со екстремниот десничар и ЕУ скептик Герт Вилдерс, откако неговата Партија на слободата (ПВВ) освои 37 од 150 места во парламентот, јавува Ројтерс.
Вилдерс ќе почне да преговара со Народната партија за слобода и демократија (ВВП) предводена од Дилан Јесилгоз и Новиот социјален договор (НСЦ) на Питер Омчиг. Тие заедно би можеле да иимаат 81 претник во Парламентот, доволно да формираат Влада.
– Холандија ќе им биде вратена на Холанѓаните и цунамито на барателите на азил и мигрантите ќе биде запрено, рече Вилдерс по неговата победа.
За време на изборната кампања, Вилдерс вети дека ќе го намали холандското финансирање на Европската унија, ќе ја запре имиграцијата и ќе го блокира пристапот на нови членки, вклучително и Украина, пренесува „Танјуг“.
Европските десничарски лидери, Џорџа Мелони, Роберт Фиц, Виктор Орбан и поранешниот француски претседателски кандидат Марин Ле Пен му честитаа на Вилдерс за неговата победа и ја поздравија одлуката на холандските гласачи.
Новоизбраниот премиер претходно најави дека ќе го забрани Куранот, одлука која е привремено стопирана.
Хабиб ел Кадури, водач на организација што ги претставува холандските Мароканци, рече дека вознемиреноста и стравот се огромни во неговата заедница, која сочинува пет отсто од населението во Холандија.