Досие, функционерски плати: Се врати ли министерот од странство?

Се врати ли министерот за информатичко општество во Македонија од службениот пат во странство? Да бе, јавноста се интересира овој министер каде е.

Ете, баш без него не можело да стаса предлогот на работната група за намалување на функционерските плати. Така барем во понеделникот вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на јавноста и објаснуваше зошто се уште не е готов предлог на решението за намалување на фунционерските плати.

-Работната група не поднела предлог бидејќи министерот за информатичко општество деновиве не бил во државата, објасни Битиќи додавајќи дека некакво решение може да се очекува до крајот на месецов.

Штета, а ако беше во Македонија до сега сигурно ќе одлучеа како да си ги намалат платите. Вака, испадна дека владините најави и ветувања за правење брзо готово законско решение не може да се реализира. 

Инаку, истиот вицепремиер Битиќи уште пред повеќе од месец дена, на 17-ти октомври најави дека Владата „утре“ ќе расправа за новопредложеното законско решение со кое ќе се изврши намалување на функционерските плати. Но, потоа, таа точка беше тргната од дневен ред на владините седници. Потоа, премиерот Димитар Ковачевски на 18-ти октомври изјави дека „до следната недела треба да има работен материјал за законското решение за корекција на функционерските плати“... Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, пак, пред недела дена изјави дека посебен закон за плати во јавен сектор или измени на повеќе закони се опции за намалување на за 78 проценти зголемените функционерски плати што ќе се одберат до Нова година.

Значи, најави до најави, одлагање до одлагање. 

И во меѓувреме функционерите мора да земаат огромни плати за 78 проценти зголемени. А, очигледно е дека не го сакаат тоа, ама еве не се стасува, мора и министри на пат да одат и да…

Претходна вестКавга во ЕП за Македонија предизвикана од бугарските европратеници во присуство на премиерот Денков
Следна вестГерт Вилдерс победи на изборите во Холандија, познат е по неговите анти исламски и анти ЕУ ставови