Кавга во ЕП за Македонија предизвикана од бугарските европратеници во присуство на премиерот Денков

Бугарски европратеници од десничарска провиниенција влегоа во вербален судир со пратеници на либералите и Зелените поради блокадата на Македонија во ЕУ, во Европскиот парламент во Стразбур, на седница на која гостин беше бугарскиот премиер Денков, пренесе „Дојче веле“

Најпрво европратеникот Ангел Џамбаски од ВМРО му забележал на претседавачот на либералната групација во ЕП „Обнова на Европа“ дека не кажал ништо „за репресијата и насилството врз Бугарите во Македонија негирањето на правото на самоопределување“.

– Во вашата групација има луѓе кои се преправаат дека не го гледаат насилството против Бугарите во Македонија. Објаснете им го, порача Џамбаски.

Потоа, пратеникот на Зелените од Германија, Рајнхард Бутикофер му порача на Денков дека во обраќањето „ниту еднаш не го споменал името Северна Македонија, земја чиј влез во ЕУ досега беше блокиран од Бугарија“.

– Може ли некој да ги спори искрените европски аспирации на Северна Македонија, која дури си го смени и името за да ги отвори вратите на Европа? По говорот на омраза од г. Џамбаски, би сакал да ве прашам г. премиер што ќе сторите за да ја отворите вратата за Северна Македонија?, го праша Бутикофер бугарскиот премиер Денков.

Потоа премиерот Денков кажа дека не прифаќа критики кон Бугарија и рече нема други барања надвор од францускиот предлог.

– За жал, низ годините нашите односи се влошија, и не мислам дека Бугарија е виновна за тоа, рече Денков, пишува „Дојче веле“.

 

Претходна вестКај тетовец и неговата сопруга пронајден хероин
Следна вестДосие, функционерски плати: Се врати ли министерот од странство?