Кај тетовец и неговата сопруга пронајден хероин

Кај тетовец и неговата сопруга бил пронајден и одземен хероин. Тетовецот се барал за издржување на затворска казна.

– Полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, вчера извршиле претрес во домот и помошните простории на четириесет и седумгодишниот тетовец А.Е., кој се барал за издржување на затворска казна. При претресот, во просториите кои ги користел А.Е., а кој во моментот бил отсутен, пронајден е и од неговата 38-годишна сопруга одземен е хероин, како и предмети со остатоци од хероин, соопштуваат од МВР.

По комплетно документирање на случајот против А.Е. ќе следува соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

Претходна вестЏабе нови антикорупционери ако е по старо – задоволни се од својата работа, но не и од ефектите
Следна вестКавга во ЕП за Македонија предизвикана од бугарските европратеници во присуство на премиерот Денков