Изложба на делата од Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип денеска во 12 часот ќе биде отворена изложба на делата од 37. Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“.

Отворањето е во изложбениот салон „Галерија ’22“ при Центарот за култура. На изложбата ќе бидат застапени триесетина дела работени од автори од повеќе држави Македонија, Бугарија, Полска, Словенија, Турција и од Швајцарија.

Изложбата е преземена од организаторите на колонијата од Крива Паланка.

Претходна вестПазарен инспектор од Струмица осомничен за примање поткуп
Следна вестВо Косово запленети фалсификувани 85.000 евра во монети, меѓу уапсените тројца од Македонија