Експертите упорнo ja опоменуваат Владата: Државaта треба сама да го гради „Чебрен“, не треба да се дава под концесија

На упорното инсистирање на власта да го потпише договорот со ХЕЦ „Чебрен“ и да ја даде под концесија од 60 години на странци, и повеќето македонски енергетски експерти упорно укажуваат дека таквиот договор треба да се откаже. Многу пати до сега универзитетски професори по енергетика опоменаа дека Владата ќе направи голема грешка.

Ова од страна на експертите е укажано и на денешната дебата околу оправданоста на давањето на ХЕЦ „Чебрен“ на странска фирма во организација на Здружение на инженери на Македонија. На дебатата воведни излагања имаа проф. д-р Константин Димитров, дипл. инж. (Машински факултет – Скопје), проф. д-р Арсен Арсенов, дипл. инж. (Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје), проф. д-р Атанаско Туневски, дипл. инж. (Машински факултет – Скопје) и проф. д-р Дејан Трајковски, дипл. инж. (Технички факултет – Битола). Тие и досега излегуваа во јавноста со аргументи со кои се спротивставуваат на издавањето на „Чебрен“ под концесија.

Професорите порачаа дека овој проект треба да се реализира во полза на Македонија, а не на штета на граѓаните, и дека „Чебрен и водите мора да бидат македонски“. Освен тоа, нагласија, сите значајни електроенергетски капацитети мора да останат во државна сопственост.

Рекоа дека Македонија преку овој проект струја нема да добива, за нас ова ќе биде исто како да купуваме струја по берзански цени. Не треба да се дава на концесионерот на поклон и ТЕЦ „Тиквеш“.

-Ако денеска струјата на ХЕЦ „Тиквеш“ чини околу 8 милиони евра на годишно ниво и се пласира до нашите домаќинства, истата таа струја, истата таа количина, ако се продеде на берза ќе чини 40 милиони евра. Значи се јавува сериозна разлика од 30тина милиони евра на годишно ниво. Или за 60 годишна концесија околу милијарда и 800 или 2 милијарди евра разлика во цените,  изјави Атанаско Тунев, професор на Машински факултет – Скопје.

Според Дејан Трајков, преофесор на ТФБ, најдобро е сами да инвестираме во градбата.

– Во случај на партенство ефектот би изнесувал 250 милиони евра, ако инвестираме самите продаваме по сегашната цена од 53 евра нето сегашната вредност би била околу 1,6 милијарди евра, рече Трајковски.

Претходно во повеќе наврати експертите нагласуваа дека е неприфатливо и давање на концесија објект дури 60 години – затоа што објектот потполно ќе се амортизира по 40 години и Македонија на крајот ќе добие неупотреблива централа која мора скапо да ја поправа. Тие и прашуваа: Колку дополнителни пари ќе мора да вложи Македонија околу „Чебрен“? Според до сега познатото договорот предвидува македонската страна да направи пристапни патишта, огромна трафостаница, експропријација… Тоа значи дека Македонија ќе даде покрај ТЕЦ „Тиквеш“ и многу пари за објект кој ќе биде во раце на странци.

Дали Владата ќе ги послуша?

Претходна вестЗибери: Јавната администрација лани се намалила за 3.722 лица
Следна вестФФМ најавува воведување на ВАР во македонските лиги