Српскиот претседетел Александар Вучиќ, заедно со колегите од Софија и Баку денеска во Ниш ја пуштија во употреба гасната интерконекција Србија-Бугарија. Воедно, тој најави изградба на гасна интерконекција и кон Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Гасна и воопшто енергетски инфраструктури ние и во иднина ќе градиме, што е влезено и во планот на (еврокомесарот Оливер) Вархеји, ќе градиме гасна интерконекција и кон Северна Македонија. Се надевам дека и во Босна и Херцеговина ќе се договорат, да можеме кон Република Српска и воопшто кон БиХ да градиме гасни интерконектори, изјави Вучиќ во Ниш по пуштањето во работа на интерконекцијата со колегите од Бугарија и Азербејџан Румен Радев и Илхам Алиев.
Тој додаде дека следната година ќе почнат работите за изградба на нафтовод меѓу Србија и Унгарија.