Ковачки: Системот „Безбеден град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Александар палас

Системот „Безбеден град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Александар палас, изјави денеска Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој побара одговор од Оливер Спасовски зошто полицијата не реагирала навреме.

Во продолжение пресот на Ковачки:

– Оливер Спасовски е должен да ѝ одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција, излажа дека возилото на Панче со кое е киднапирана Вања, не било регистрирано во системот на камери „Безбеден град“ пред 27 ноември, односно пред денот на убиството, Системот „Безбеден град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Александар палас

– Неколку дена по ред го прашуваме министерот Спасовски, а истиот одбива да одговори за очигледниот и фатален пропуст на МВР чија последица е киднапирањето и убиството на девојчето Вања.

Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис?

Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот?

Конечно, дали возилото е забележано на камерите кобниот ден на 27 ноември во 7:42 наутро кај Александар Палас и Злокуќани и како е можно тоа возило неконтролирано да помине низ најобезбедуваната локација во Македонија во тој момент, а можеби и во регионот поради непосредните подготовки на Советот на ОБСЕ.

Оливер Спасовски е должен да одговори како е можно возило кое е пријавено дека е исчезнато 5 дена пред киднапирањето на Вања, а за кое тој тврдеше дека не знаеле, да помине покрај 40 камери на „Безбеден град“ , на Министерството за одбрана и на други субјекти, праша Ковачки.

Претходна вестВучиќ: Ќе градиме гасна интерконекција и кон Македонија
Следна вестРодители реагираат дека нема термини за ортопед