Израелскиот министер за одбрана: Војната против Хамас ќе трае повеќе од „само неколку месеци“

Војната во Газа ќе трае „повеќе од само неколку месеци“, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант при средбата со високи американски претставници во Тел Авив. Тој им се заблагодари на САД за континуираната помош за Израел и нивните напори да ги ослободи заложниците киднапирани од Хамас.

– Тие изградија подземна и надземна инфраструктура и не е лесно да се уништи. Ќе биде потребно време, ќе потрае повеќе од неколку месеци, но ние ќе победиме, рече Галант за време на разговорот со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

По средбата, Саливан се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други членови на воениот кабинет.

Директорот за комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека Саливан разговарал за „можната транзиција од она што би го нарекле операции со висок интензитет, како што гледаме дека го прават сега“, на операции со помал интензитет. – Но, не сакам да ставам временски печат на тоа, додаде тој. Кирби не кажа како би можела да изгледа таа операција.

На прашањето за времетраењето на војната, Кирби рече дека САД не им диктираат на Израелците колку долго треба да трае војната.

Израел продолжи да го гаѓа Појасот Газа во четвртокот и покрај интензивните меѓународни повици за заштита на цивилите и ширењето на смртоносните болести меѓу раселените жители. Според Министерството за здравство во Газа, израелската армија во нападите убила најмалку 18.600 луѓе, а ранила 50.000.

Претходна вестПрегазена 74-годишна жена во центарот на Скопје, со тешки повреди пренесена на клиника
Следна вестАбердин размислува за трансфер на Миовски во Селтик