Темен режим Режим на светлина

Прегазена 74-годишна жена во центарот на Скопје, со тешки повреди пренесена на клиника

74-годишна жена е тешко повредена откако била удрена од „рено“ во центарот на Скопје. Таа со тешки повреди пренесена на болница.

– Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„9 Мај“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(67) од Скопје, удрило во М.Т.(74) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Доларот зајакна поради кризата на Блискиот Исток и растот на нафтата

Доларот падна на најниско ниво во последните четири месеци

Следна објава

Израелскиот министер за одбрана: Војната против Хамас ќе трае повеќе од „само неколку месеци“