Темен режим Режим на светлина

Доларот падна на најниско ниво во последните четири месеци

Доларот зајакна поради кризата на Блискиот Исток и растот на нафтата Доларот зајакна поради кризата на Блискиот Исток и растот на нафтата

Вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред, на најниско ниво во речиси четири месеци. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,03 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,62 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 141,80 јени, колку што беше и вчера во овој момент.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0980 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0895 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,39 отсто, на 76,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,34 отсто, на 71,80 долари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Стоиљковиќ: Ме нервира песимизмот, малодушноста и лицемерието

Следна објава

Прегазена 74-годишна жена во центарот на Скопје, со тешки повреди пренесена на клиника