Германската крајна десница за првпат победи на изборите за градоначалник

За прв пат на изборите за градоначалник победи кандидатот на екстремно десничарската германска партија Алтернатива за Германија (АфД). Вчера Тим Лохнер (53) од АфД победи во вториот круг од гласањето за градоначалник во Пирна, град во источната покраина Саксонија, каде АфД е доста популарна.

Првите резултати покажаа дека Лохнер освоил 38,5 отсто од гласовите, објавено е на веб-страницата на градот Пирна, го пренесува хрватскиот портал „Индекс.хр“, пишувањето на „Дојче веле“.

Кандидатот на екстремната десница ја победи Катрин Долингер-Кнут (ЦДУ), која беше втора со 31,4 отсто од гласовите, како и Ралф Тиле од малата партија Слободни гласачи, кој освои 30,1 отсто.

Лохнер е независен, но избра да биде кандидат на  АфД. Во првиот круг доби третина од гласовите, но во вториот круг успеа да го зголеми бројот на гласови. Локалните Зелени и социјалдемократите се откажаа по првиот круг и ја дадоа својата поддршка зад Долингер-Кнут од ЦДУ.

Сместена на 30 километри југоисточно од Дрезден на работ на планините Елба Песочник, Пирна има околу 40.000 жители. Градот е првенствено познат по речиси совршено зачуваниот стар центар на градот. Вчерашниот резултат доаѓа само неколку дена откако домашната разузнавачка агенција на источната провинција Саксонија ја оцени АфД како десничарска екстремистичка партија.

АФД е во пораст во Германија, а анкетите покажуваат дека околу секој петти гласач изјавил дека би гласал за АфД, што ја прави втора најпопуларна партија по ЦДУ.

Во источните германски покраини, уделот на гласачи кои се подготвени да гласаат за АфД е над 30 отсто пред сите други партии. Три од тие покраини, Тирингија, Саксонија и Бранденбург, ќе одржат избори следната година.

Претходна вестОтворајте „четири очи“ на улиците: Празници се ближат, пешаци се движат…
Следна вестУспешна проверка на ракометните надежи на Македонија на „Трофејот Карпати“