Америка формира коалиција за борба против Хутите

Пентагон најави формирање на нова мултинационална безбедносна иницијатива во Црвеното Море, против нападите извршени од јеменските бунтовници Хути врз трговски бродови. Неодамнешната ескалација на нападите на јеменските бунтовници Хути го загрозува слободниот проток на трговија во Црвеното Море и го прекршува меѓународното право, а државите кои сакаат да го поддржат основниот принцип на слободата на пловидба мора да се здружат за да се справат со овој предизвик, соопшти Пентагон.

– Ова е меѓународен предизвик кој бара колективна акција. Затоа, денеска го најавувам формирањето на  (Prosperity Guardian), важна нова мултинационална безбедносна иницијатива, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Тој најави дека Велика Британија, Бахреин, Канада, Франција, Италија, Холандија, Норвешка, Сејшелите и Шпанија ќе им се придружат на САД во новата мисија за заеднички справување со безбедносните предизвици во јужниот дел на Црвеното Море и Аденскиот Залив, со цел да се обезбеди слобода на пловидба за сите земји и зајакнување на регионалната безбедност и просперитет.

Претходна вестПендаровски: Доколку обезличувањето на Македонецот е патот по кој треба да одиме до Унијата, не познавам некој кој е подготвен да чекори по тој пат
Следна вестПендаровски за својот претседателски мандат: Мојата совест е мирна