Трамп по одлуката на судот дека не може да се кандидира: Непријателот сака да ви ја одземе слободата

Откако судот во Колорадо донесе одлука, дека Доналд Трамп не може да се кандидира на претседателските избори во САД, тој и се обрати на јавноста.Трамп во својата објава вели дека ова е удар врз слободата на целиот народ на САД.

Секогаш кога овие радикални демократи ќе се соберат и ќе донесат одлука против мене, многу им благодарам. Непријателот сака да ми ја одземе слободата затоа што сака и вас да ви ја одземе слободата. Никогаш нема да им дозволам да го направат тоа. Сакаат да ме замолчат затоа што никогаш нема да дозволам вас да ве замолчат. И на крајот не тргнаа по мене, тргнаа по вас, а јас само им стојам на патот и секогаш ќе им стојам на патот, рече Трамп.

Од изборниот штаб на Трамп соопштија дека пресудата од Колорадо е „погрешна“ и дека ќе поднесат жалба до Врховниот суд на САД.

– Врховниот суд во Колорадо донесе погрешна одлука вечерва и ние брзо ќе поднесеме жалба до Врховниот суд на САД, изјави портпаролот на изборниот штаб на Трамп.

Поранешниот претседател Доналд Трамп не може да се појави на гласачкото ливче во Колорадо на претседателските избори следната година поради неговата наводна улога во нападот на американскиот Капитол на 6-ти јануари 2021 година од страна на неговите приврзаници, одлучи највисокиот суд во спомената американска сојузна држава во вторникот во историска одлука која најверојатно ќеја преземе Врховниот суд на САД.

Со мнозинство од четири од седумте судии, Врховниот суд во Колорадо го направи Трамп првиот претседателски кандидат во историјата на САД за кој се смета дека не е подобен за Белата куќа според ретко користената одредба од Уставот на САД, која им забранува на службениците кои учествувале во „побуна“ во извршување на функцији. Пресудата сега се однесува само на републиканските прелиминарни избори во Колорадо на 5-ти март, но нејзиниот заклучок може да влијае на положбата на Трамп во оваа држава на изборите на 5-ти ноември.

Непартиските прогнози за изборите во САД го гледаат Колорадо како безбеден демократски бастион, што значи дека претседателот Џо Бајден најверојатно ќе има водство во оваа државата без оглед на судбината на Трамп таму. Трамп најави жалба на пресудата до Врховниот суд на САД, а судот во Колорадо соопшти дека ќе го одложи ефектот на неговата одлука најмалку до 4-ти јануари 2024 година за да ја овозможи жалбата.

Пресудата поставува предизвик за Врховниот суд на САД, кој има мнозинство од 6-3 конзервативни судии со доживотен мандат, од кои поради смртни случаи и пензионирани на претходниците тројца се именувани во мандатот на Трамп по именувањата што ги направи неговиот демократски претходник Барак Обама, да рагледа дали Трамп има право да се кандидира во државата и да служи уште еден претседателски мандат.

Пресудата во се смета за тест за пошироките напори на политичкиот неокознервативен и неолибераријански естаблишмент да се дисквалификува Трамп од државните гласачки ливчиња според член 3 од 14-тиот амандман, кој беше донесен по Граѓанската војна во САД за да се спречат поддржувачите на Конфедерацијата да служат во владата.

Судот во Колорадо пресуди дека Уставот на САД му забранува на Трамп, фаворит за републиканска номинација во 2024 година, и воопшто со водство во анкетите на сојузно ниво, да се појави на гласачкото ливче поради неговата наводна улога во поттикнувањето насилство во Капитол додека пратениците се состануваа за да ги потврдат резултатите од изборите во 2020 година. Самиот Трамп, неговите политички поддржувачи и приврзаниците меѓу Американците сѐ уште тврдат дека нему тогаш му беа украдени изборите во полза на Бајден.

Историското обвинение против поранешниот претседател на 1-ви август федерално, а потоа на 14-ти август од страна на државата Џорџија за неговите наводно недозволени обиди да постигне поништување на резултатите од изборите во 2020 година отвори правна дебата за неговата можна неподобност за учество на изборите, што доведе до тужби во неколку држави.

Но, од околу петнаесет случаи кои се во тек во различни држави, вклучително и два отфрлени во Минесота и Мичиген, судовите во Колорадо беа првите што го прогласија Доналд Трамп за неподобен.

 

 

 

Претходна вестСкопје утрово десетти најзагаден град во светот, воздухот е нездрав за дишење
Следна вестЕлмас за 25 милиони евра од Наполи се сели во Лајпциг